Ние сме конструктивен синдикат и сакаме проблемите да ги решаваме на маса преку дијалог. Сите плати треба да го следат порастот на минималната. Четири години молиме за социјален дијалог. Ситуацијата не може да се надмине, вели претседателот на СОНК, Јоаким Неделков.

Тој информира дека од владата засега не добиле конкретен предлог, иако јавно ги соопштиле барањата.

Воопшто нема фидбек. Единствено што добивме дека економската ситуација е насекаде лоша и дека многу е тешко да се одговори на нашето барање. Тоа се одразува и на нас и нашите семејства. Јасни се нашите барања. Првата точка е следење на процентот на минималната плата и тука бараме 18,4% да се зголемат и останатите плати, за да имаме основа за преговори за системско решение кое нема да не доведе до ваква ситуација. Мораме да ги подигнеме платите на едно соодветно ниво. Изминатите години сме немале усогласување на плати согласно минималната плата, рече Неделков во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Претседателот на СОНК посочува дека без договор проблемите се ставаат под тепих.

Тежок проблем, а ова е паушален начин и повторно ќе имаме исти проблеми. Не знаеме колку ќе трае штрајкот. Ќе заврши кога ќе се договориме. Неприфатливо е со проектирање на новиот буџет да бидат задоволени апетитите на штрајкувачите. Тоа бараме тоа што ни следува според Законот. Сметам дека ќе бидат на висината на задачата и ќе најдат средства за СОНК. Тоа им е работа на Владата, вели Неделков.

Според него, сега состојбата меѓу членовите на Синдикатот за штрајк е мошне обединета.

Никогаш во историјата сме немале потполна поддршка и единство за генерален штрајк, додаде Неделков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.