Штрајк на училиштата и градинките ќе има, ќе почне в понеделник и ќе трае колку што ќе има потреба, а децата нема да изгубат од наставата ниту училишната година ќе биде продолжена. Меѓународната организација на трудот уште пред три години доставила допис до Владата кај што бараат да се отстрани делот од Законот за основно и средно образование за “заменски наставници“ бидејќи не е во согласност со Меѓународните конвенции за синдикално здружување и дејствување, тврди Јаким Неделков.
Тој дел од Законот не е отстранет и сега се злоупотребува и се користи за заплашување на работниците, вели Неделков кој додава дека Владата треба да сфати дека дека крши меѓународни конвенции што самата ги ратификувала.
Директивите на ЕУ ги спроведуваме во Македонија таму каде што ни одговара, таму каде што не одговра, како во овој случај, не сакааат ни да слушнат. Сериозни проблеми ќе имаат ако се обидат да го релативизираат ова. Не проблеми од нас, ќе имаат меѓународни санкции за таа работа, вели Неделков.
Засега СОНК нема нови најави за преговори со Владата. Од понеделник започнуваат со штрајк доколку до петок немаат некаква понуда што не би можеле да ја одбијат.
Неделоков тврди дека децата нема да изгубаат од настава. Бирото за развој на образованието ќе изготви скратена програма која ќе се спорведе во рамки на учебната година до 10 јуни. Тој засега не може да каже колку ќе трае штрајкот, но вели дека во соработка со Бирото за развој може да се надополни пропуштеното и децата да не треба да останат во клупите по 10 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.