Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“ на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во врска со Законот за рестриктивни мерки го запраша Димитар Ковачевски, зошто ако тој закон толку го сакале не го ставиле со европско знаме како што прават и со други штетни закони, а воедно го потсети дека не ни треба друг да каже дека има тука криминалци, туку треба да се ослободат обвинителството и судството.

– Зошто Законот за рестриктивни мерки исто како што ги поднесовте законите за Бехтел, односно коридорите 8 и 10, не го поднесовте со европско знаме, ако толку се грижевте овој закон да помине, зошто не му ставивте европско знаме и истиот закон за 2-3 дена ќе поминеше и немаше да го обвинувате Милошоски дека го не го ставал на дневен ред, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи Милошоски како претседател на собраниската комисија е правник и тој ја слуша фелата правна што зборува.

– Правната фела, излегоа еминентни професори и кажаа дека многу работи различни од тоа што Ковачевски вели дека го потпишале. Сега се поставува прашањето, дали фелата редовни професори на Правен факултет по кривично право не ја зборуваат вистината или Ковачевски не знае што потпишале? Не треба САД да ни кажат кој е, како е, за кого има докази или нема. Се додека бираме обвинители и судии кои на врат им стојат роднини на политички моќници ние нема да имаме независно обвинителство и судство, нагласи Мицкоски.

Мицкоски му порача на Ковачевски да внимава што посакува да не му се налутат ДУИ и да не го остават без поддршка.

– На крај амбасадор, претставник на САД рече дека се тука и никој не ги побарал да се дадат доказите. Еве заедно да го повикаме јавниот обвинител да ги побара доказите, да видиме што е тоа што го нудат нашите стратешки партнери и да најдеме решение, така систематски се решаваат работите, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.