Најавата за политичка криза од страна на ДУИ е поради тоа што тие не можат да се помират со фактот дека од викендов ќе се опозиција, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска во гостување во „Само вистина” на Канал 5 Телевизија.
Албанците покажаа незадоволство од владеењето на ДУИ и всушност не се иселуваат само Македонци, туки и Тетово и Гостивар се празнат и тоа покажува дека не се задоволни од состојбата, политиките, економијата од било кој ресор од досегашната Влада, истакна Пешевска.
Во однос на одговорноста за криминал и корупција во државава, таа укажа дека кога некој би одговарал тогаш ќе се запраша некој дали ќе прави криминал.
Кога во државава еден, двајца криминалец би одговарале тогаш секој би се запрашал дали ќе биде криминалец. Не може на 21 година младич да поседува трговски центар за сметка на сите други 21 годишници кои немаат пари за студии и одат во странство за подобар животен стандард, рече Пешевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.