Во Република Cеверна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака европратеникот од ЕПП/ГЕРБ Андреј Ковачев ги коментираше провокациите на РСМ кон Бугарија во последните денови за бугарскиот БНТ.
„Очигледно е дека актуелното раководство на Република Cеверна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција. Тие бараат изговор во својата јавност зошто тоа не може да се случи, а изговорот е, се разбира, со клеветење на Бугарија“, коментира тој.
Ковачев е дециден дека Бугарија не дала повод за вакви провокации:
„Напротив, ние се однесуваме крајно цивилизирано, европско, сакаме добрососедство.
Бугарија мора да го почитува европскиот дух и да очекува странските кандидати да ги исполнат своите обврски“, нагласи Ковачев на прашањето дали неговата земја треба да ја зајакне својата политика во однос на Cеверна Македонија.
„Не ни преостанува ништо друго освен да инсистираме на нивно спроведување и да побараме од нашите партнери, како и од САД, тоа повеќепати да го повторуваат пред Скопје“, рече европратеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.