Оваа нивна емотивна одлука да покажат колку се строги со Бугарите, ова толкување на историјата на индивидуално ниво дека немаме право да влеземе во Република Македонија… Немам ниту една изјава во која јас тврдам дека не го признавам човековото право на секој да се самоопределува.

Ова меѓу другото во денешно интервју за бугарски Факти.бг го изјави европратеникот Андреј Ковачев, одговарајќи на прашањето дека забраната за негово влегување во Република Македонија „е многу тежок прекршок и многу голема грешка, што ја направија премиерот Димитар Ковачевски и министерот Оливер Спасовски“.

 

Во продолжение на одговоот Ковачев изјави:

-Многупати, можеби и десетици пати, дури и во македонските медиуми сум кажал дека човеково право е секој жив човек да се дефинира како Германец, како Бугарин, како Белгиец, како етнички Македонец. Секој човек има право да го именува својот јазик, да го користи како што сака во денешното модерно време. Но, по истата логика, луѓето во Македонија немаат право да го менуваат идентитетот и јазикот на починатите луѓе. Овде големата разлика е што толкувањето на историјата за нив е некаков спор, што води до дискриминација, до говор на омраза. Ако нивното МВР смета, на пример, дека тоа што Гоце Делчев, Дамјан Груев или браќата Миладиновци се етнички Бугари, откако тие самите се дефинирале како такви врз основа на сите историски податоци, претставува навреда за современите граѓани на Република Македонија, тогаш имаме огромен проблем. Имаме проблем што над 99% од бугарските граѓани нема да можат да патуваат во Република Македонија, бидејќи тешко дека некој пред да оди таму ќе изјави дека го смета Гоце Делчев за Македонец. Работите одат во апсурдна насока. 

Не знам, да бидам искрен, како македонските власти ќе излезат од овој маѓепсан круг, кој започна со усвојување на дискриминаторски закон, кој има многу рестриктивен ефект и ги забрани имињата на бугарските културни клубови во Македонија… Следеа обвинувањата против бугарските претседатели на клубовите во Охрид и Битола, што доведе до претепување на Христијан Пендиков. Се создава атмосфера на дискриминација и омраза. 

Што можеме да кажеме за фактот дека во Македонија се попречува секој кариерен развој на македонските граѓани, кои отворено го декларираат својот бугарски идентитет? Зошто нема ниту еден македонски граѓанин со бугарска самосвест во државната администрација на Македонија, во локалната власт, во полицијата, во обвинителството, во академскиот свет, меѓу новинарите? Во исто време, има секакви луѓе од други различни заедници. Нема проблем со нив, но огромен проблем е ако некој каже дека се Бугари! За мене тоа значи дека сегашните етнички Македонци не се сигурни во својот идентитет и се обидуваат да ја продолжат репресијата од времето на Титова Југославија за да ги спречат луѓето, кои отворено се идентификуваат како Бугари од јавниот и политичкиот живот на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.