Во интервју за „актуелно.ком“, бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, вели дека имал можност да се сретне со претседателот на Албанија, со премиерот, со претседателот на Собранието и со координаторите на парламентарни групи со кои разговарал за, како што вели, „нашите заедници во Гора, која е во близина на границата со Косово“.

Ова се девет села на планините, од кои седум се чисто бугарски села. Околу 3000 луѓе живеат таму. Јас се сретнав и со претставници на бугарските заедници од различни делови на Македонија, од Голо Брдо, од Преспа. Нашите пријатели и колеги од Албанија рекоа дека многу добро знаат дека од 11 век, историски бугарските заедници живеат во Албанија и дека нема сомнение дека имало бугарски етнички заедници кои живеат на територијата од сегашната Република Албанија со векови“, вели Ковачев

Прашан зарем не е логичен потег да се направи оваа разлика и на Европа да ѝ се каже, Албанија да се раздели како кандидат од Македонија, Ковачев вели дека тоа е сосема јасно.

Самиот Еди Рама ми рече неколку пати дека не се во брак со Скопје и дека ако не можат да ги исполнат европските услови за преговори, а Албанија треба да биде жртва и да чека нешто за што не се ниту виновни, ниту зависи од нив, тогаш Албанија треба да започне преговори веднаш по завршувањето на процесот за испитување на законодавството. Ако дотогаш Македонија нема храброст да го смени Уставот, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од неа“, вели Ковачев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.