Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во  изјава за МИА ја потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.

-Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран, рече Таравари.

Пред неколку дена Таравари заедно со Гаши и Касами беа на „убедување“ и кај косовскиот премиер Албин Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.