Граѓаните денеска се чувствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ заедно и граѓаните, потенцира претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.
Во 2020 година, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ и граѓаните, Cеверна Македонија стана 30 членка на НАТО. Со ова, земјата ја реализираше една од најважните стратешки цели која стоеше во програмите на сите политички партии од 1990 година па се до тој момент. Денес сме безбедна и стабилна држава, значајна и рамноправна членка на Алијансата. Патот до членство во НАТО не беше лесен. Бараше решителност, стратешка визија и, пред сè, храброст да се донесат одлуки за доброто и иднината на граѓаните. СДСМ презеде одлучни чекори во оваа насока, уште со Преспанскиот договор во 2018 година, а 600.000 граѓани на реферундум го потврдија правилниот пат кој го одбра СДСМ. Одлучноста Cеверна Македонија да застане рамо до рамо со водечките светски демократии денес изгледа поважно од кога било. Во услови на војна на европско тло и светска нестабилност, нашите граѓани може да се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот. Приклучувањето кон НАТО ја зацврсти нашата национална безбедност, ја подобри нашата меѓународна позиција и отвори нови можности за економски раст и развој. Преку членството во НАТО, СДСМ ја потврди и посветеноста на партијата на развојот, демократските вредности, трајниот мир и безбедноста. Членството во Алијансата е придобивка за сите граѓани и секој политички чинител е должен да го негува и чува ова достигнување. Владата е должна да работи кон понатамошно унапредување на односите со Алинсата и земјите партнери во градење на цврста и долгорочна соработка. СДСМ останува посветена на носење одлуки кои служат за најдобар интерес на нашата нација. Ние веруваме дека само преку стратешко планирање, одлучност и ставањето на доброто на сите пред партиските интереси може да се надеваме на просперитетна иднина, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
На неговиот статус реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека Венко Филипче наместо да пишува басни и писанија на социјалните мрежи во кои ни тој самиот не верува, треба да одговори дали чувствува вина што последиците од катастрофалните договори Македонија ги чувствува и денес.
Политиката на свиткана кичма на сијамскиот близнак на Венко, Зоран Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева. Братот по криминал на Филипче, Заев додека со едната рака се колнеше во идентитетот, со другата потпишуваше договори и мака немаше. Членството во НАТО не е придобивка на Венко, но придобивка од Венко се десетици илјади луѓе кои ги загубија животите поради неспособниот Венко.
Венко Филипче наместо да се занимава со висока политика треба да одговори дали уште смета дека кабелот е виновен за запалената модуларна болница?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.