Денеска министерот за здравство, Беким Сали, ја посетил “новата” болница во Кичево, чија изградба е започната во 1985 година, пишува на својот фејсбук новинарката Ивана Настеска.
Неколку факти:
1.Беким Сали е 12. министер за здравство што ветува дека оваа болница ќе се изгради
2.Беким Сали имал 7 години кога е започната изградбата на оваа болница
3. Мојата генерација се раѓаше по други градови, чекајќи “новата” болница да се изгради
4. Жените од мојата генерација веќе се пораѓаат по други градови, чекајќи да се изгради “новава” болница
5. Болницата е наводно “нова”, а всушност е постара од мене
6. Нема болница, карабина е
Ако не не умрете од негрижа, ќе умреме од смеење во #Вечнава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.