Во изминатиот период на целата територија на општина Гевгелија беа реализирани повеќе проекти , беа направени повеќе зафати за подобрување на комуналната, патната и воопшто на целата инфраструктура во општина Гевгелија, соопшти денеска градоначалникот Сарамандов.

Во моментов имаме градежни активности на повеќе локации во општината, во завршна фаза е изградба на стационарот за бездомни животни кој се наоѓа кај старата депонија, во тек е реконструкција на стариот објект во Богородица на стариот објект на Вимилк, а денес извршивме увид во поставување на новата водоводна линија за населено место Богородица каде ќе биде решен децениски проблем за жителите од ова населено место.

Исто така извршивме увид и во градежните активности на изградбата на новата сервисна улица на потегот од казиното Сенатор до Милци, со што Гевгелија ќе добие уште една сообраќајна врска со граничниот премин, а од друга страна ќе овозможиме подобри услови на сопствениците на приватни парцели да почнат да инвестираат.

Исто така извршивме увид на старата депонија каде два месеци се врши затворање и сме во завршна фаза и истата во наредниот период ќе биде уредена со зелена површина и дрвца, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.