Разговори и средби во Старо Нагоричане со вредните земјоделци и чесните жители на ова населено место. Имавме продуктивни разговори со жителите заедно со Цветан Трипуновски техничкиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и коалицијата „Твоја Македонија“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на листа во ИЕ2.

Тој по средбата се огласи на својот Фејсбук профил каде истакна:

Јасно е и во Старо Нагоричане, народот ја препознава искрената намера на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија повторно да биде достоинствена држава, држава каде младите ќе гледаат просперитет, повозрасните спокојно ќе ги поминуваат пензионерските денови со повисоки пензии, а земјоделците навремено ќе ги добиваат субвенции. Граѓаните на Старо Нагоричане никогаш нема да бидат игнорирани и заборавени од ВМРО-ДПМНЕ! Македонија повторно твоја!, потенцира во објавата Мисајловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.