Во северниот дел на Газа е нападнат конвој со палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа. Според првите извештаи меѓу убиените има и деца.
Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.
Патот беше блокиран цел ден, бидејќи жителите на Газа од север го послушаа израелското предупредување да ја напуштат областа.
Британскиот јавен сервис наведува дека на снимките се гледаат најмалку 12 тела. Главно станува збор за жени и деца, меѓу кои има и деца од две до пет години.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека околу 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвини Израел за нападот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.