Министерството за внатрешни работи соопшти дека државното Јавно обвинителство вчера пријавило дека е најден куршум на тераса од објектот.
МВР во соопштението го употреби терминот „залутано зрно“, а наведува дека се работи за расчистување на слулајот.
„На 25 февруари во 10.20 часот било пријавено дека на балконот, од надворешната страна на зградата на ЈОРСМ во Скопје било пронајдено залутано зрно од оружје. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.