Професорката Мирјана Најчевска, јавно реагира дека власта на СДСМ, со своето владеење, корупцијата, криминалот и непрофесионалноста, ја уништила секоја надеж кај граѓаните дека состојбата во државата може да се подобри.

СДСМ ни се исплука на сите нас кои акавме по улиците.

 

ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ДУИ, 11 години ја уништуваше државата, меѓутоа СДСМ е партијата која успеа да ја уништи надежта на граѓаните дека може поинаку.

 

СДСМ во соработка со ДУИ ја презеде штафетата на партизација, корупција, криминал, непрофесионалност и мамење од ВМРО-ДПМНЕ и со гордост ја продолжи трката.

 

Со својата политика таа овозможи да се изнедрат партии како Левица на Апасиев и да опстојуваат партии – крлежи кои се пришљамчуваат на секоја власт и кои го одржуваат привидот на плуралитет.

 

Јас на улица веќе не излегувам.

 

И не верувам во нова револуција. Макар и преубава како нашата шарена револуција.
Мора да постои некој друг начин за вистинска промена, пишува Најчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.