Предупредувачкиот протест, најавен за 28 април од страна на Здружениот на судии на РСМ, се пролонгира од причина што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто, информираат од Здружениот на судии на РМ. Од таму додаваат дека изрази очекуваат дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието.

Управниот одбор и понатаму ќе го следи процесот на реализација на веќе договорените прашања со Владата на РМ и целосна имплементација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, за што, во секое време ќе ги активира сите расположливи правни и останати механизми до целосно остварување на зацртаните определби, велат од Здружението на судии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.