Кратење на периодот на самоизолација од 10 на 7 дена, и предлог за укинување на решенијата. Ова се само дел од предлозите за кои во вторник ќе дискутираат членовите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, пренесува Телма.

Дилемите на дел од членовите на комисијата се дали кратењето на перидот на седење дома да не важи за невакцинираните и оние со примена само една доза вакцина.

Дополнително новиот сој Омикрон кој зема замав и вртоглаво го зголемува бројот на заразени го отежнува издавањето на решенија за самоизолација особено во главниот град, и се очекува комисијата да предложи нопви законски измени. Но, грижата на граѓаните и лекарите е дали после долг период во панедмија земјата одново ќе се соочи со рестриктивни мерки.

Апелите за во вторник до членовите на комисијата се од точката евентуални предлог мерки да произлезат конкретни предлози, велат лекарите за Телма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.