Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница, реагираше ДУИ.

Од партијата велат дека Таравари бесрамно го цитира Хитлер: „затоа што народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!“

„Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија треба веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари“, велат од партијата на Али Ахмети.

ДУИ бара од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите, од невладините организации да го кренат својот глас против ваквиот став на Арбен Таравари, за коj, велат од партијата, нема место во нашето општество.

Градоначалникот на Гостивар и висок функционер на Алијансата, попладнево на својот профил на Фејсбук напиша:

„Втората светска војна можеше да заврши порано и можеше да се спасат многу животи кои беа збришани како резултат на нејзиното лудило.

Во време кога Хитлер почнал да се намалува донекаде во воената моќ и мапата на неговите освојувања почнала да се распаѓа, еден од неговите команданти го информирал за овие работи и го замолил да се повлече од војната затоа што биле убиени многу невини луѓе, меѓу кои и многу деца.

Хитлер категорично му се спротивставил со: „Затоа што народот гласаше за нас, сега и тој нека трпи смрт!“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.