Со цел да се спречи злоупотреба и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, Владата донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес, јавно осветлување, изјави на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, по седница на Влада.

Тој потенцираше дека одлуката е донесена поради тоа што, како што рече, сознанијата велат дека општините основале јавни претпиријатија или дејности, јавно осветлување или ја доделиле на постоечки јавни претпријатија.

Тоа што го кажавме на почетокот на годината веќе се признава и од страна на одредени градоначалници. Имаме носено одлуки во Совети на одредени градови каде што е направена штета во првите шест месеци во вредност од 30 милиони евра и тоа требаше да биде на грбот на граѓаните, појасни министерот за економија Крешник Бектеши за одлуката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.