Предметот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на прислушувањето и уништувањето на опремата нема подеднакво да се однесува за сите обвинети. Конкретно, на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ова дело има можност да и застари дури за 20 години бидејќи таа е обвинета со обвинителен акт според кој делото застарува за подолг период.
Ова за „Република“ го објаснува адвокатот Влатко Илиевски.
За дел од обвинетите во овој случај постои ризик од застарување, но тоа не важи за сите. Гордана е обвинета по член 353 каде што застарувањето е 20 години. Треба некој да се запраша како обвинителството во овој предмет кој се однесува на прислушувањето дозволило некој да биде обвинет со обвинителен предлог за кој делото застарува за пократко време.Зошто да се амнестира обвинителството од ова-нагласува Илиевски.
Неодамна Апелација го врати предметот на повторно судење а пак Судскиот совет констатираше дека тој предолго се држел во фиока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.