На 3 мај ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно да работи и на нов Изборен законик. Прашање е дали оваа група ќе успее да изработи измени на Изборниот законик што би го минале со консензус собранискиот филтер најмалку шест месеци пред избори имајќи предвид дека во првата половина на следната година треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.
Претседателот на работната група адвокатот и поранешен претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски за МИА изјави дека приоритетите треба да ги утврдат сите заедно.
Приоритетите кои се ќе треба да ги утврдиме заедно сите. Јас само ќе ја предводам таа работна група, транспарентно мислам да се работи, за да се дојде до одредени усогласувања, прво со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, кои се провлекуваа низ изборни циклуси и многу се исти, но секако не се превземаат навреме промени за да се усогласат. Исто така таму има и една забелешка во која се бара да се размисли и да се направи нов изборен законик, вели Новаковски.
Тој нагласува дека работата ќе ја извршува најодговорно и транспаретно, но и дека во оваа група ќе делува само како експерт.
Немам никакви проблеми со влијанија, бидејќи сите ќе се присутни тука и ќе може да ја следат. Најбитно е да направиме нешто конечно, за да се усогласиме со забелешките за да не се повторуваат, и тоа да се направи навремено, вели Новаковски.
Функцијата претседавач, како што е најавено во соопштение на ОБСЕ, ќе ја извршува албанскиот премиер Еди Рама.
Претседателот на работната група Новаковски смета дека приоритет за работа треба да бидат забелешките со коишто се прекршуваат Копенхашките критериуми. Но, не мисли дека меѓу приоритети ќе биде и Избирачкиот список бидејќи за него во изминатите години се направени низа промени.
Би сакал да кажам дека имаат забелешки од ОБСЕ/ОДИХР кои се многу посуштински, бидејќи Избирачкиот список се користи како алатка. Знаете веќе подолго време, и не би сакал уште од старт да се блокира со Избирачкиот список работата на Комисијата. Затоа што тука е одредено, надлежностите се превземени целосно од ДИК, капацитетите на ДИК исто така се спремни. Воведоа некоја технологија нова со фингер принтовите и сето тоа ние ќе го разговараме, но сепак треба да почнеме дел по дел, а тоа е значи суштинските забелешки кои се провлекуваат повеќе изборни циклуси. На пример има забелешки каде што сметаат дека се прекршени Копенхашки критериуми. Тоа е тешка забелешка. Значи ние подолго време не сме имале, а во последните изборни циклуси се повторува таа забелешка, а тоа е за еднаквоста на правото, на пример. Второ, размислување како да се поедностави Изборниот законик, вели Новаковски.
После толку измени на Изборниот законик, посочува, тој е тежок за разбирање во однос на тоа што многу работи се само вметнувани, вметнувани и доаѓа до различно толкување.
Исто така тука е за прашањето, на пример, ефикасноста на жалбената постапка, начинот на работа, роковите, бидејќи е невозможно тие рокови, а секои се повторуваат, а невозможно е да се исполнат тие рокови. Има забелешки околу начинот на финансирање околу извештаите кои се добиваат, кој е надлежен, како е надлежен, сите тие работи се потребни. Стојат во конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР и работната група треба да се ориентира на тоа, посочува Новаковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.