Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски од посетата на Драчево за почетокот на новата теренска активност „Ова е Македонија за сите“  истакна дека целта на активноста е директна комуникација со народот и нагласи дека македонскиот народ е мудар и секогаш знае што и е најпотребно на Македонија.

“Ова е Македонија за сите“ е продолжение и на претходните теренски активности на ВМРО-ДПМНЕ кои што ги имаше во последните месеци, практично постојана комуникација со граѓаните. Каде што граѓаните даваат свои идеи свои предлози некогаш и своја критика за како можеме ние како политички субјект по однос на клучните и стратешките прашања да се поставиме во следниот период. Нема некој помудар од народот народот секогаш го знае решението за тоа што и е потребно на Македонија и ние како политичка партија продолжуваме и во следните недели активно во директна комуникација да соработуваме се со една клучна цел. Македонија да добие надеж, Македонија да се претвори во земја која што заслужува да биде просперитетна, со планови со програма со реализација на проекти практично тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ сега го правиме на локално ниво да се пренесе на централно ниво. Земја без корупција земја во која што се реализираат проекти и програми“, истакна Муцунски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Муцунски истакна дека граѓаните на Драчево бараат нова влада, бараат чесност, план, програма и надеж.

“Граѓаните во Драчево бараат промена на централната власт. Граѓаните во Драчево бараат нова влада, влада која што нема да биде синоним за криминал и корупција, тоа што го гледаме само треба да се погледнат медиумите и дневните вести да видите што се се случува во Македонија. Срам во институциите кои што треба да го раководат правосудството, срамни договори кои што се штетни по нашиот буџет, граѓаните го бараат сосема спротивното. Граѓаните бараат план програма, чесност, граѓаните бараат надеж“, нагласи Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.