Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово.
Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот.
На 18 ноември Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со владата на Косово. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската, кои се обидуваат да го покријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција продавајќи магла дека Македонија е ориентирана кон Србија, рече Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива од коалицијата „Вреди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.