Не се точни информациите , што ги објавија некои портали дека девојчето Вања Ѓорчевска е најдена жива и здрава во соседна држава. Станува збор за лажни информации , велат од МВР за Канал 5 и додаваат дека се уште е во тек потрагата по изчезнатото девојче од Скопје, од кое веќе три дена нема трага и глас.

Од МВР апелираат да не се шират дезинформации со оглед на чувствителноста, почит кон семејството и во интерес на истрагата.

Инаку 14- годишната Вања исчезна завчера наутро пред училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ во центарот на Скопје. Нејзината мајка веднаш потоа апелира преку социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.