Градиме и одржуваме цврсти мостови на поддршка, соработка и разбирањеВМРО – ДПМНЕ е политичка партија која гради и негува цврсти односи и пријателства со своите меѓународни партнери. За мене беше вистинско задоволство поканата и учеството на Националниот молитвениот појадок кој се одржа во Вашингтон. Присуство кое е само уште една потврда за одлични односи со нашите партнери од САД, но и одлична можност за промоција на стратешките интереси на Македонија и градење на нови мостови на меѓународна поддршка, соработка и разбирање, напиша Тимчо Муцунски од САД.
Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира меѓународните претставници од различни националности, вери и религии заедно со членовите на Американскиот Конгрес и претставниците на Администрацијата на САД. Оваа година на настанот се обратија Претседателот на САД, Џо Бајден и Кралот на Јордан, Абдула II. Обединувањето, соработката и меѓусебната поддршка беа во фокусот на пораките кои оваа година беа испратени од Вашингтон.
Убеден сум дека овој настан и останатите средби во САД се одлична основа за продлабочување на нашето партнерство и меѓусебна соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.