Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат со жителите на општина Јегуновце. Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните одржаа и првиот потпретседател на Владата Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири и претседателот на огранокот на ДУИ во Јегуновце, Елдин Адеми.

Али Ахмети – претседател на ДУИ

Вечерва сме во Шемшово, во оваа сала каде што требаше да ја отвориме заедно со колегата Абдилаќим Адеми, но невидливиот непријател ни го одзеде нашиот близок, како да ми се скрши една од рацете бидејќи мојот  најблизок соработник го имав со години, затоа што заедно ги споделувавме добрите работи, успесите, но и разочарувањата. Започнав вака бидејќи и со Абдилаќим Адеми многу пати разговаравме на темата за која ќе зборувам, бидејќи тие вршеа проверка на целата политичка класа и како таква се бара од сите институции оваа акција да се одвива, дури и со меѓународен надзор. Оној што го прекршува законот и дадената доверба нека трпи и нека ја плати казната. Нашата политика беше обединување, промовирање единство и придвижување на процесите напред. Абдилаќим многу помогна во приближувањето на важните процеси на земјата. Овој идеал на Адбилаќим ја извади на површина идејата за обединување на луѓето околу обединета Европа. Се наоѓаме во историски и одлучувачки моменти, па да ги оставиме зад себе остатоците и ситниците, бидејќи ние сме храбра генерација и тоа го имаме докажано. Сигурен сум дека тоа ќе се направи, дека Албанците се на страната на Европа и се дел од неа. На стабилноста на Европа и треба Македонија, во насока на спречување на миграцијата и создавање услови за подобар стандард во земјата. Ние сме дел од овој проевропски фронт затоа што тој е важен за сите нас и ќе обезбеди подобар живот за идните генерации.  Абдилаќим беше особено посветен на образованието и квалитетот на образованието, на изградбата на училишта, сали и универзитети. Бев со него рамо до рамо, исто како што сум денес со нашите министри, заменици министри и директори. Имаме квалитетна младина која знае странски јазици, да не  претстави со бел образ , затоа не запирајате ги младите туку мотивирајте ги. Секогаш ни требаат чесни, вешти и стручни специјалисти, бидејќи само така општеството може да се развива и оди напред. Придонесот на Абдилаќим Адеми е голем, тој достојно не претставувал секаде каде што бил, па и вие како млади земете го како мотивација. Секогаш сме работеле да има мир и стабилност не само за нашата земја, туку и за целиот регион, да се бориме против злото и да најдеме заеднички јазик. Не смееме да го заборавиме минатото, но мораме да ја градиме иднината. Јас не сум политичар на телевизиските екрани или на канцелариите, туку доаѓам од друга област која ги знае проблемите на народот, па затоа сум покрај вас секогаш да ве слушам, рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.