Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области опфатени со мандатот на Мисијата.

Соговорниците разменија мислење за актуелните аспекти од работењето на Мисијата на ОБСЕ и во таа насока заеднички беше реафирмирана определбата за продолжување на активностите и натамошно фокусирање на проектите во поддршка на реформските процеси на новата Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.