Застрашувачки е фактот што повеќе од 100 дена изминат мандат на оваа Влада, премиерот не најде саат – два да седне да разговара со лидерот на опозицијата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во емисија на Телевизија Шења.
Муцунски додаде дека опозициска партија секогаш се заложува за предвремени избори, особено по период каде што очигледно дека Владата го загуби целиот кредибилитет и легитимитет коишто таа го има.
Покрај темата предвремени парламентарни избори, Претседателот Мицкоски исто така даде државнички предлог, каде покажа подготвеност на опозицијата да седне заедно со политички и експертски тимови од ВМРО-ДПМНЕ и до период на организирање на предвремени парламентарни избори заеднички на консензуален начин да ги решаваме најсериозните предизвици коишто ги имаме како држава, посочи Муцунски.
Муцунски потенцираше дека на почетокот од мандатот на новиот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски тој најави дека меѓу првите средби кои тој ќе ги има ќе биде со лидерот на опозицијата, но за жал повторно едно беше кажано, а во практика друго се случуваше.
Кога нема интерес од страна на Владата за дијалог не може да се очекува од опозицијата која има сериозен политички легитимитет од последните локални избори да не преземе никаков чекор. Ние работиме во интерес на сите граѓани на оваа држава, сметаме дека Република Македонија се движи во многу погрешна насока и тоа сите релевантни анкети на јавното мислење го покажуваат, кажа Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.