Во однос на реформите за избори кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Тимчо Муцунски вели дека станува збор за сеопфатна реформа на изборниот процес, создавање на пофер правила, но и процес кој ќе биде пофункционален за демократијата во Македонија, и за повеќе за нема проблеми кои се влечат постојано од избори во избори.
Промени кои ќе значат 90 пратеници во Собранието наместо 120. Ние правиме исчекор и се согласуваме за моделот една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ не стравува од една изборна единица земајќи ја предвид актуелната политичка клима, за нас е важно да имаме јасни и правила и квалитетен систем за спроведување на избори, а не постојано од изборен процес до изборен процес да ги влечеме истите забелешки кои од меѓународни организации и кои забелешки го нарушуваат изборниот процес, рече Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.