Задоволен што предметниот јавен обвинител по извршените проверки утврди и докажа дека не постои никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело од моја страна, во својство на директор на Управата за финансиска полиција, вели поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, по вчерашната одлука на Јавното обвинителство.
Додава дека одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која раководел нема неправилности и незаконитости во периодот на неговото директорување. Според него, нападот кон него бил исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавнообвинителската фунција со цел да му наштети на угледот и угледот на Управата.
Дополнително, ве известувам дека до Основниот граѓански суд имам поднесено тужба против Вилма Русковска, затоа што истата, во неколку наврати во своите јавни излагања во емисиски гостувања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети. Од моја страна, злоупотребите на Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај, вели Муареми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.