Христијан Пендиков за БТВ: Сонувам да се вратам во Македонија и да можам да кажам дека сум Бугарин:
“За да бидеш македонски Бугарин, само треба да се реализираш. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив“
„За жал, во Македонија е нормално да те тепаат, пцујат, пукаат затоа што си Бугарин. Полицијата не треба ништо да прави“.
Каква акција ни спроведоа Бугарите и како нашиот министер Бујарчо им даде легитимитет за исцениранава драмолетка.
Му верува ли Бујар сега на Пендиков, верува ли Бујар дека лажираме историја, дека се тепаат малцинства, дека ние сме виновниците во овој наметнат спор и силеџиство.
Бујар треба да си преземе одговорност за овие махинации, затоа што ги легитимираше и стана дел од театарот на Софија и нивните служби, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.