Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид им се обрати на сите Македонци, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите… но и на членовите на СДСМ и ги повика да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и да бидат сигурни дека оваа партија нема да ги изневери.

Им се обраќам на сите Македонци гласајте за нас нема да ве изневериме.

До Албанците, гласајте за нас, ќе живеете подобро од сега, ќе работиме заедно за соживот и развој на државата.

Им се обраќам до Турците, секогаш сте ја поддржувале независна и самостојна Македонија, и со нас сте биле во сите наши победи и порази овие 30 години, и сега можеме заедно ќе направиме повеќе.

До Ромите, заедно да се бориме против сиромаштијата, да стекнеме нови победи и успеси за нашата иднина.

Сакам да се обратам до Србите во Македонија, споделуваме заеднички грижи и се бориме за заеднички вредности. Македонија е наша заедничка земја и вие сте ни потребни во оваа наша борба.  

До Власите – секогаш заедно со нас сте ги воделе сите битки, така е и овој пат. И ќе победиме. Ќе победимеее.

До Бошњаците – мораме да изградиме општество на здрави темели, подаваме рака, и вие тоа го прифаќате. Дојдете со нас, за да имаме заедничка иднина.

И до сите останати. До христијаните, муслиманите, Евреите,  бидете со нас, ние ќе ви бидеме вашата потпора и грб, и со нас ќе ви биде подобро, ќе има работа, ќе има реформи и подобар живот.

Сакам да им се обратам на членовите на СДСМ… Знам дека постојат разлики меѓу нас, дека имате дилеми, дека можеби имате и стравувања, јас ве охрабрувам, сите сме граѓани на ова земја, и нема влакно да ви фали, ќе работиме заедно со вас ќе ги искористиме сите потенцијали на ова држава за да живееме подобро, затоа што се отселуваат и ваши и наши пријатели и роднини, затоа што и наши и ваши деца се разочаруваат од државава. Ајде да се обединиме и да ги направиме горди, да кажат нашите родители беа генерацијата која ги запре поделбите по партиска основа и ги мобилизираше сите во функција на развојот на државата… ви ветувам можете да се потпрете на нас. Гледате каква е ситуација и што се случува. Знам дека и вие се срамите од ова што се случува. Има многу од вас, дури и чесни функционери кои ми пристапуваат, и секогаш кај мене ќе имате отворена врата. . . ќе чекориме напред заедно. Ви ветувам тоа, порача Мицкоски од Градскиот плоштад во Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.