Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни 2023 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни 2023 година.

Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во Република Македонија, кој е објавен во месец март 2023 година, предвидено е во училиштата каде во конечната ранг листа има поголем број ученици со исти бодови, да се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети и тоа:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика

– за зравствена струка – биологија и хемија

– за другите струки – мајчин јазик и математика.

Оваа година квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година во следниве училишта:

– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје (за стручно образование – здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар на албански наставен јазик).

Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година.

Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификационо те-стирање ќе се објават на 26 јуни 2023 година.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 29 јуни 2023 година до 10:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 13:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Врз основа на финализираните ранг листи за првото пријавување добиени се следните податоци:

Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 007 ученици од кои:

· 11 205 ученик за настава на македонски наставен јазик,

· 4 474 ученици за настава на албански наставен јазик,

· 322 ученици за настава на турски наставен јазик и

· 6 ученици за настава на српски наставен јазик.

Во првото пријавување вкупно се запишаа 12 996 ученици од кои:

· 9 655 ученик за настава на македонски наставен јазик,

· 3 101 ученици за настава на албански наставен јазик,

· 234 ученици за настава на турски наставен јазик и

· 6 ученици за настава на српски наставен јазик.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:

· 4 606 ученици во гимназиско образование

· 8 235 ученици во стручно образование



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.