Министерството за образование и наука ги укина решенијата за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за именување и разрешување на директори на основните училишта „Александар Турунџев“ во селото Кукуречани и „Свети Климент Охридски“ во Битола, како и на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола.
Од Општина Битола соопштија дека Министерството за образование ги укинало решенијата за одземање на вршење работи од надлежност на градоначалникот на Општина Битола, по барање на Коњановски, за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес и на работите во областа на образованието, како и за успешно започнување на учебната 2024/2025 година.
Ингеренциите на градоначалникот беа одземени од поранешната централна власт, само во делот на ангажирањето наставен кадар, именувањето и разрешувањето в.д. директори, додека материјалните трошоци за гориво, превоз на ученици и друго, за кои Општината годишно издвојува околу еден милион евра само за основните училишта, не беа во интерес на поранешниот министер за образование и тие остануваат во надлежност на Општината и во училиштата каде што се одзедоа ингеренциите, нагласуваат од Општина Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.