Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија!, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија.

Дополнително министерот за здравство Фатмир Меџити и денес повторно се слика на Клиника за пулмологија каде се реновираат градежни простории, без суштинско подобрување на условите за пациентите и здравствените работници.

Според информации од пациентите листите на Клиника за пулмологија се големи и пациентите и во оваа установа тешко стигнуваат до здравствена услуга.

Лекциите од ковид пандемијата не се научени и ниту по пандемијата ништо не е преземено ниту за Клиниката за пулмологија, која како исклучително значајна Клиника продолжува да работи во супстандардна модуларна лимена болница, а за сликање и гол пиар министерот Меџити “отвора и реновира”.

Неинвестирањето во инфрастуктура на оваа власт доведе да немаме нов клинички центар по примерот на земјите од соседството, туку Клиниките се сместуваат и функционираат во супстандардни простории.

Со ваквите “европски вредности” оваа неспособна власт заради недомаќинско работење ризикува од пари на граѓаните да се плаќа оштета изразена во милиони евра, не за градење туку за неградење на Клинички центар, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.