На почетокот на годината неспособната влада сееше закани за т.н принудни одмори во РЕК Битола и целиот енергетски и рударски сектор. Кога сфатија дека немаат ниту основа ниту право на тоа , преминаа на добриот стар мобинг, рече на денешната прес-конференција Николче Котевски, секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, посочувајќи го како пример односот на главниот инженер по хемија во РЕК Битола, Мирјана Захариевска Ралевска, избран советник во Советот на Општина Битола од редовите на СДС.

Оваа госпоѓа не е овластена, ама дозволено и е да пишува произволни наредби за распоредување на работници спротивно на Законот за работни односи, Колективниот договор и систематизацијата.

-Дозволено и е наредбите да не бидат ниту заверени ни архивирани.

-Дозволено и е да оди преку генералниот директор.

-Дозволено и е да ги присилува работниците на незаконско работење, соопшти тој.

Како пример ја додаде, како што кажа, „неизвесната професионална иднина на една личност“ која, како што рече, ќе ја нарекува „Мајка“.

На неколку години пред пензионирање, од избраната советничка Мирјана Захариевска Ралевска добила наредба на работа да оди само во прва смена иако договорот за работа на „Мајка“ бил сменско работење.

Откако личноста „Мајка“ реагирала дека тоа е спротивно на законите, Захариевска – Ралевска испратила наредба до обезбедувањето да не ја примат вработената на работа кога таа ќе дојде на смена.

И така, Мирјана Захариевска Ралевска стана директна причина за полициска интервенција и нарушување на психичкото и физичкото здравје на вработената, која што заврши на болница.

Ваквото неетичко и самоволно однесување не и било првпат на госпоѓата советничка.

Јасно е, им паѓаат блоковите во РЕК Битола, ама, на сдсмовците им паѓаат и моралните норми, вели Котевски.

Тој прашува дали Мирјана Захариевска Ралевска вака се однесува оти знае дека Синдикатот на компанијата нема да застане во одбрана на работникот?

Претседателот на синдикатот си има тендерски проблеми. Или пак, советничката од СДС вака се однесува за да ги заплаши сите вработени кои знаат што се случува во РЕК Битола, ама не смеат да помислат да станат свиркачи? На крај, Дали е ова вториот обид на власта на СДС во оваа година да суспендира уште еден Колективен договор, по оној на земјоделците? Од Захариевска-Ралевска очекуваме:

Да ја прекине неетичката и непријателска комуникација со работниците.

И конечно да научи што е тоа што треба да го работи во РЕК Битола, вели Котевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.