Министерството за надворешни работи како шпекулации ги оцени информациите што ги објавија одредени медиуми дека не било прифатено барањето за агреман за амбасадор на нашата земја во Европската Унија, бидејќи, како што посочуваат од МНР, таков предлог воопшто не бил пратен.
Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор, се вели во денешната реакција од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.