Во целост ја демантираме информацијата доставена од страна на СДСМ до медиумите, поврзана со патувањето на министерот Муцунски во Вашингтон, соопштија од МНР.
Воедно, ја информираме јавноста дека и покрај тоа што постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга. Министерот единствено беше придружуван од дипломати од Министерството и дипломатско конзуларните претставништва, а кои се наоѓаа на списокот како дел од официјалната делегација.
Уште еднаш напоменуваме дека информациите споделени во денешното соопштение на СДСМ се целосна лага и невистина.
Претходно од СДСМ во соопштение до јавноста прашаа дали и сопругата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон.
И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се истераат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други, се вели во соопштението на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.