Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, американската Администрација донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во земјава, за што се издвоени дополнителни средства во износ од 4,318 милиони американски долари, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија – САД,  се посочува во соопштението, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство.

Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и  делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна.

– Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес, се наведува во соопштението од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.