Безмалку една година од пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово, тетовското јавно обвинителство денеска поднесе обвинение против тројца одговорни во болницата но и против здравствената установа а поради избувнувањето на пожарот што се случи на 8 септември 2021 година.

– „ОЈО Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против тројца обвинети. Првите двајца се товарат дека сториле по едно кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ а третиот обвинет сторил кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Што се однесува до правното лице, тоа ќе се гони за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ и за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од ОЈО Тетово.

Според извшетјаот на експертите од крим техниката, пожарот настанал како последица од куса електрична врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Во истрагата беа вклучени и германски истражители чиј извештај не беше јавно објавен. Во пожарот изгореа 14 луѓе. 12 беа пациенти и двајца придружба на ковид заразените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.