Ние сме навикнати четири и пол години, колку што сум јас претседател, ова да се случува. Тие се пресметуваат со мене, индиректно се пресметуваат на ваков начин брутален, со луѓето кои што соработуваат со мене и со луѓето кои што се дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Гевгелија за суспендирањето на Наќе Чулев по 25 години професионална служба во безбедносниот систем на државата.

Ова не е нешто ново, бидејќи сите знаете дека станува збор за врвен професионалец кој што 25 години работи во безбедносниот систем, извршувал врвни функции, врвни државни функции, сега е избркан од страна на овој, според некој бирократи во Брисел, проевропски режим, но според меродавните ранг листи, хибриден режим кој што не може да се соочи со неистомисленици и посегнува вака брутално по нивното лично и човечко достоинство“, рече Мицкоски.

Но, додава Мицкоски, мојата порака и до нив е дека, поминува времето, познавав јас и во минатото многу вака луѓе кои што се силеа, па потоа беа мачени, ќе дојде и тој ден кога повторно ќе се соочиме, повторно ќе се видиме и тогаш ќе мораме да дадеме одговори на многу прашања, а ние ќе го издржиме ова.

Мицкоски истакна дека Наќе Чулев ја има неговата целосна поддршка и дека е исклучително важна алка во партијата, кој од сега ќе биде уште по посветен во структурата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наќе Чулев ја има мојата целосна поддршка, Наќе Чулев е исклучително важна алка во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ќе биде многу по посветен во делот и околу мене и во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не остава ниту еден свој човек. Наќе Чулев ќе биде дел и продолжува да биде дел од ВМРО-ДПМНЕ, да се бори за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.