По нападот на Хамас во јужниот дел на Израел, бројни македонски граѓани се јавија во македонската амбасада барајќи евакуација и засолниште.

Синоќа министерството за Европа и надворешни работи на Албанија соопшти дека пристигнал првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето на воена состојба. Патниците беа дочекани и поздравени од албанскиот министер Игли Хасани.

Од министерството додаваат дека во наредните денови ќе има повеќе специјални летови за Тел Авив, во координација со министерствата на земјите од регионот да им помогнат на сите граѓани кои сакаат да се вратат во своите земји.

Претходно, седум наши државјани, туристи кои беа затечени во Витлеем, успешно ја поминаа границата со Јордан, каде беа прифатени од нашата почесна конзулка; сега се на безбедно и во наредните денови се очекува нивно упатување кон дома. А четворочлено семејство затекнато во Тел Авив, преку комерцијален лет се упати кон Истанбул, од каде исто така го продолжува патувањето кон дома“- се вели во соопштението од МНР… Според кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, кои МНР очекува да се пријават, или да бидат пријавени од нивните блиски во контакт центрите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.