Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата, апелираат од МНР.

Потсетуваме дека Македонија нема дипломатско Конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба.

Ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Република Либан веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378.

На располагање се и СОС телефоните на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и на следната и-мејл адреса: [email protected]

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан и регионалното опкружување и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани, стои во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.