Имаме потреба од зголемување на платите, зголемена е цената на потрошувачката кошничка, граѓаните не завршуваат месец од први до први со платата која ја имаат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Што не е јасно“ на Алфа, говорејќи за штрајкот на СОНК и за барањето за повисоки плати.
Мизрахи посочи дека власта наместо сега да се правда дека нема пари, требаше да знае дека кога ја покачи минималната плата тој чекор ќе направи тектонски поместувања за да се покачат сите останати плати и оттука е логично и барањето на синдикатот.
Она што сега СОНК го прави е логична реакција. Постои колективен договор кој треба да се почитува. Ако ги видите законските решенија Колективниот договор тој е во рамки на законите. Власта ја покачи минималната плата без да увиди какво поместување во системот ќе има тоа понатаму. Ако ја покачите минималната плата, треба да ги покачите и другите, да направите израмнување на платите според сложеноста на трудот, рече Мизрахи.
Таа посочи дека Ковчевски како човек кој излезе од министерство за финансии требало да знае како стоиме финансиски, колку сме задолжени за да не земаме нова еврообврзница и да правиме ребаланс.
Требало да знае какво тектонско поместување ќе направи тоа во државата особено во услови на економска и енергетска криза која не се случи преку ноќ. Одеднаш да се шокираме дека нема резерви на храна, дека нема резерви на масло и одеднаш сме изненадени. Народот излезе панично да купува затоа што има недоверба во власта затоа се и штрајковите. Требаше да направат проекција како ќе се сменат сите останати плати, потенцираше Мизрахи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.