Премиерот треба да излезе со одговори, не може во континуитет да се брани со дека тоа тој нема одговори и не ги разбира прашањата дека не е експерт по тоа поле. Бидејќи во периодот на неговата не експертиза во сите можни полиња ние сме во економска, енергетска , топлинска, здравствена , образовна, еколошка криза, изјави пратеничката и член на ИК Рашела Мизрахи во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.

Таа додаде дека ние сме во кризна состојба на Влада. Тоа доведува да има кризна состојба во целата држава, бидејќи ова е кризна состојба на Владата каде премиерот не може да одговори на прашањата и власта не одговара на прашањата.

Граѓаните ја живеат реалноста, а тоа е инфлаторната стапка која се случува, недостатокот на струја и константната тензија дека електричната енергија ќе поскапува, прашањето дали ќе имаме топлинска енергија – рече Мизрахи.

Мизрахи потенцираше на тоа без разлика што Владиниот ПР ќе изготви, луѓето реагираат согласно довербата која ја имаат во самата власт. Граѓаните немаат доверба а таа доверба не може да им ја наредите, довербата се создава или се губи, довербата е загубена. Со тоа имаме нелегитимно владеење на ова власт, не се легитмни лидери поради тоа што нема општествена оправданост, граѓаните едноставно не им веруваат.

Клептократијата е во сите сфери и поради тоа тонат и институциите поради тоа што формата на процесите кои треба да се обавуваат во институциите е на незавидно ниво на ирелевантно ниво. Битни се само тендерските постапки на одредени фамилии, одредени групации за кои слушаме по медиумите и се повеќе се преплашуваат од што всушност е нашата реалност – кажа Мизрахи.

Мизрахи додаде дека нормално е во вакво окупирање на сите институции на државата ќе се има таков одговор на граѓаните на анкетите за тоа колку има доверба во институциите, Собранието и судството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.