Срамота е дека многу од оние што наводно се бореа за подобро, не само што не се скриени од срам, туку се горди соработници на оваа криминална камарила, вели Ивор Мицковски коментирајќи го последниот од низата криминалии на власта.

Направија договор во 4 очи и без тендер.
Направија најскап и најконтроверзен договор, само од тоа што знаеме, кој инаку е таен и никој не смее да го види.
Направија договор врз основа и на непостоечки законски одредби.
Си доделија партиски главоњи со две-три функции(противзаконски) да го водат проектот.
Најмија за над 20 милиони € криминален надзор.
Прават етнички консорциум на фирми, купуваат машини и ниви, со цел владејачките партии да се опарат и од експропријацијата и од надзорот и од изградбата.
Не направија никаква дебата, ни јавна, ни експертска, ни парламентарна.
Секој што изнесе критика го обвинија за хистерија, антиамериканизам, кочење на стратешка инфраструктура и губење на пари.
И покрај укажувањата на Европска делегација да не се злоупотребува европското знаменце, Владата до Собранието ги испрати законските измени поврзани со изградбата на коридорите по скратена постапка.
Ај ДУИ ги разбирам, криминалци од глава до пети, беа дел од режим, беа дел од тендерска коалиција.
Ама ова квазипрогресивциве и некогашни борци за правда дека ќе ги надминат во криминал и злоупотреба на власт и ДУИ и ВМРО на Грујо, тоа е просто не неверојатно, туку срамно како ни проаѓа без крик, без протест, без ништо, освен слугување и апологетство.
Срамота е дека многу од оние што наводно се бореа за подобро, не само што не се скриени од срам, туку се горди соработници на оваа криминална камарила.
Тоа е, сите ќе издадат и ќе се издадат порано или подоцна, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.