Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на партијата, Стефан Андоновски, одржаа средба со Јоана Козма, директор на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Република Македонија.

Мицкоски изразил задоволство за системската поддршка која ИФЕС ја дава на развојот на изборниот систем во Македонија, македонските институции и политичките партии.

На средбата беше истакнато дека е важно изборните реформи да се во согласност со вредностите, квалитетите и процедурите во демократските развиени општества. Изборите треба да им овозможат на сите граѓани еднакво и рамномерно учество во изборниот процес, независно каде тие живеат.
Од средбата произлезе взаемен заклучок дека успешната соработка треба да продолжи и во иднина, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.