Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски има добронамерен совет до владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.
Ставете камен врз Преспанскиот договор, грешките и конфузијата на Заев во употребата за жал во овие моменти не се оправливи. Не можеме да издржиме двоен фронт со Бугарија и Грција, каде договорот со Софија е вистинскиот проблем и тука лежи најголемата грешка, пишува Мицковски на својот профил на Фејсбук.
Според него, Грција е премоќна и пресилно котира и во ЕПП и во самиот процес на дизајнирање на идната Европска Комисија.
На долги патеки ќе се решава проблематиката што идентитетските и суверенистички политики на Грција и Бугарија се антиевропски и ги негираат нашите национални атрибути. Но, сега, мора да се одбере која битка ќе се води, и наше е да одбереме да не ги поистоветуваме двете прашања и да не се тепаме на два фронта, кој ќе се забетонира како единствен евро-атлантски, смета Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.