Сега кој и нешто да проговори против тендерската коалиција на ДУИ и нивното тезгарење со Бугарите, наводно е непријател на европскиот фронт, коментира Ивор Мицковски.
Па вие сте непријатели и лопови на државата и кој вам ви дал за право да изкажувате политички и вредносни судови, кога во секоја нормална држава ќе бевте не само во опозиција, туку зад решетки.
ДУИ одамна е дестабилизирачки субјект кој низ криминалот, корупцијата и нереално присвоената моќ во институциите ја дели и разнебитува оваа држава.
Единствената приказна која ве држи е фалшливата европска приказна, која наместо да ја спроведувате дома, ја користите како наратив за одобрување од странците и Западот.
Ама ќе сфатат и они дека со вас е повеќе штета од корист, пошто Македонија полека но сигурно напредува кон босанскиот, црнгорскиот и српско-косовскиот хаос, ние сме последното парче од сложувалката за цел Балкан повторно да експлодира.
После нови 6 години власт и самоволие, криминал, корупција и клиентелизам, очигледно е дека натаму не водите.
Македонските партии, овој ужас од власт и опозиција, само ве следат и го аминуваат со вас патот кон пропаста, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.