Премиерот Христијан Мицкоски рече дека даваат шанса на државниот јавен обвинител да се докаже, бидејќи е избран од страна на претходното собраниско мнозинство.
Во интервју за Канал 5 запрашан за митото кое му било нудено за третата секција од пругата кон Бугарија, рече дека во моментов МВР води истрага кон НН лице.
Тој додаде дека само треба да се погледнат кои биле подизведувачи на проектите и се ќе станело јасно.
„Треба да се запрашаме што се случувало со Секција 1 и секција 2. Бидејќи ова е за секција 3. За да биде појасно за граѓаните, пругата е во три дела. И не треба некој да е многу паметен и остроумен, треба само да ги виде подизведувачите кои се таму и ќе ги поврзе сите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Дали е повикан или дал изјава за поткупот, Мицкоски не одговори.
Инаку, за овој децениски проект кој е ветуван од страна на секоја влада од осамостојувањето треба да финишира кога ќе бидат изградени последните 23 километри. Според пресметката, еден километар железничка пруга според овој тендер треба да чини 24 милиони евра.
Од друга страна пак, брзината со која треба да се движат возовите ќе биде од 60 до 80 километри на час. Во последниве неколку години поради неактивност на проектот кој веќе добил европски ари, а земјава не ги искористила, од државната каса биле платени пенали во висика од 4,6 милиони евра.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика Основното јавно обвинителство да започне постапка во врска со изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека му нуделе поткуп.
Мицкоски на 27 август изјави дека тоа му било понудено во врска со тендерска постапка за пругата кон Бугарија, дел од Коридорот 8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.